Роберто Манчини е генијалецот што за само неколку години направи чудо како предводник на италијанската репрезентација, искачувајќи ги „аѕурите“ на врвот на европскиот фудбал. Тој дојде на клупата откако оваа репрезентација не успеа да се пласира на СП 2018, го почна неминовниот процес на помладување, но успеа да создаде извонреден тимски дух што ја красеше Италија на целокупното првенство.
Манчини по мечот не ја криеше гордоста за остварениот успех, упатувајќи бројни комплименти на адреса на своите фудбалери.
„Примивме гол на самиот почеток, но потоа доминиравме и успеавме да се вратиме. Играчите беа фантастични, не знам што би додал – свесни сме колку ова им значи на луѓето во нашата земја, на сите наши навивачи. Победивме доминирајќи во поседот против квалитетен ривал како што е Англија. Беше многу тешко, но сега е време за славење“, изјави италијанскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА