Манекенката му го сврте умот: Јовиќ мисли на Софија, не на фудбал

Лука Јовиќ не беше повикан од селекторот Љубиша Тумбаковиќ за последните квалификациски средби на Србија, а дел од медиумите открија дека ваквиот став на Тумбаковиќ следел по лажирањето на повреда од страна на голгетерот на Реал Мадрид при претходните квалификациски дуели. „Телеграф“ обелодени дека ситуацијата е уште посериозна бидејќи Јовиќ минатиот месец го лажел селекторот дека е повреден за порано да се врати во Белград и да мине време со манекенката Софија Милошевиќ, инаку поранешна девојка на репрезентативниот колега Адем Љајиќ.

„Лука е избркан од репрезентацијата поради Софија Милошевиќ. Тој лажел дека е повреден и мора да се врати во Мадрид, но останал во Белград и излегол со оваа манекенка. Селекторот дознал и следеше негово бришење од списокот. Вистината е дека Јовиќ игра слабо бидејќи повеќе внимание посветува на љубовниот фудбал, отколку на фудбалот. Исто така, се „шушка“ и дека самите фудбалери барале од Тумбаковиќ да не го вика Јовиќ за да не ја наруши атмосферата бидејќи сите се свесни дека таа подолго време беше со Љајиќ“ – тврди извор од српската репрезентација за „Српски Телеграф“.

Лука Јовиќ поради српската манекенка ја прекинал врската со долгогодишната партнерка Анџела Маниташевиќ, со која годинава доби и дете.

„Софија моментно се наоѓа кај Лука во Мадрид. Лажат низ Белград декане се познаваат, а двајцата опуштено се однесуваат еден крај друг во Шпанија. Таа толку го залуде Јовиќ што тој ја заборави девојката Анџела Маниташевиќ и седуммесечниот син Давид“ – вели истиот извор.

Се вчитува...