„Марадона денес ќе беше жив да играше за Јувентус, а не за Наполи – Неапол го уништи“

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Антонио Кабрини предизвики силни реакции со изјавата по смртта на Диего Армандо Марадона.

Кабрини мина дури 13 сезони во дресот на „Старата дама“, запишувајќи бројни дуели со Марадона на теренот. Беше и дел од генерацијата која го освои Светското првенство 1982 година.

Кабрини истакна дека Марадона денеска сигурно би бил жив ако играше за Јувентус, а не за Наполи затоа што Неапол едноставно го уништил.

„Сигурен сум дека денеска ќе беше жив да играше за Јувентус, а не за Наполи. Тој беше навистина неверојатен фудбалер и вистински џентлмен како противник. Баш како и сите шампиони беше во состојба да го даде најдоброто и најлошото од себе во ист момент. Да беше во Јувентус денеска ќе беше жив затоа што опкружувањето ќе го спасеше. Јувентус ги чува своите деца, и никогаш не дозволува да го променат вистинскиот животен пат. А, знаеме што му направи нему Неапол, па едноставно беше прашање на време кога сето тоа ќе биде наплатено, за жал“ – вели Кабрини.

Се вчитува...