На пресконференцијата пред натпреварот против Брајтон во Премиерлигата тренерот на Чесли, Енцо Мареска говореше и за повредата на најголемата ѕвезда во составот, Кол Палмер.
Младиот англиски репрезентативец кој е „моторот“ на „сините“ поради повреда нема да биде дел од тимот во следните две до три недели.
„Одлучуваме да го заштитиме Кол со цел неговата состојба да не се влоши. Одлучивме да го одмориме две до три недели, до репрезентативната пауза. Ќе видиме до тогаш дали ќе биде на 100 отсто“, изјави Мареска.
Палмер оваа сезона одигра само еден целосен натпревар во Премиерлигата по што се пожали на повреда на препоните.
Тој ќе го пропушти дуелот со Брајтон, но потоа и големото дерби со Ливерпул закажано за 4 октомври, а Палмер речиси сигурно нема да биде во комбинација ниту за настап за Англија во октомвриската репрезентативна пауза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

