Марк Вилмотс нов селектор на Брегот на Слоновата Коска

Поранешниот селектор на белгиската репрезентација, Марк Вилмот,с од денес има нов предизвик, а тоа е националниот тим на Брегот на Слоновата Коска. 48-годишниот Белгиец ќе го наследи Мишел Дусујер, кој ја напушти репрезентацијата по шокантната елиминација на бранителот  на Купот на Африкански нации.

Вилмотс потпиша двегодишен договор, а ова е негова прва работа по една година пауза, откако го раскина договорот со Белгија по завршувањето на ЕП во Франција минатото лето. Ова е негова четврта улога на тренерската клупа. Пред да се посвети на селекторските задачи, Вилмотс беше тренер на неговиот поранешен тим Шалке во 2003 година, потоа го водеше белгиски Сент Труден во сезоната 2004/2005. Во 2009 година беше назначен за асистент на Дик Адвокат во белгиската репрезентација, а по три години го наследи Адвокат на селекторското место.

Првиот натпревар под водство на Вилмотс, селекцијата на Брегот на Слоновата Коска ќе го игра против Русија за три дена.

Се вчитува...