Мартин Манасков потпиша за РК Пролет

Поранешниот младински репрезентативец, Мартин Манасков потпиша за прволигашот Пролет. Со ангажманот на 23-годишниот бек, Пролет го комплетираше ростерот за претстојната сезона.

Манасков во последните две сезони беше член на Вардар јуниор, каде беше под водство на неговиот татко, Пепи Манасков. Во минатото ги бранеше боите на Металург, а ракометната кариера ја започна во Борец.

Се вчитува...