Матрикс е новиот шампион на Бизнис-лигата

Суперинтересно беше во последниот ден од сезоната во Бизнис-лигата, откако Матрикс во големото финале славеше над Макпетрол со резултат 5-4.

Макпетрол 4-5(1-2) Матрикс

Макпетрол: Ибраим Исмаили 24’ Бенер Бекиоски 16’ Мишо Ѓорѓиевски 31’ Марко Костенцовски 34’
Матрикс: Никола Христовски 4’ Мирко Богески 12’ 34’ Драган Брњарчевски 27’ 40’

Крајно израмнет натпревар, како што доликува на едно финале, одиграа екипите на Макпетрол и Матрикс. Составот на Матрикс одлично го отвори овој натпревар со погодокот на Христовски во 4. минута и водство од 0-1. Овој рано постигнат погодок и влеа дополнителна самодоверба на екипата на Матрикс, па во 12. минута успеаа да постигне уште еден погодок за водство од 0-2. Макпетрол не се откажуваше лесно од овој натпревар и вршеше жесток притисок кон голот на Матрикс, па успеаја во 16. минута да постигнат погодок за резултат од 1-2 со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме видовме една нова екипа на Макпетрол со многу повеќе креативност што на стартот од полувремето им донесе погодок за израмнување од 2-2. Кон средината на полувремето Брњарчевски со одлична соло акција и прекрасен погодок повторно ја врати предноста за екипата на Матрикс за 2-3. Екипата на Макпетрол во 34. минута со голот на Костенцовски успеа да израмни на 3-3, и да ги направи последните минути од финалето вистинска драма во која во последните секунди од натпреварот со голот на Брњарчевски славеше тимот на Матрикс, кој со резултат од 4-5 стана овогодинешен шампион на Бизнис Лигата на Македонија.

Третото место му припадна на Лукоил, кој во „малото финале“ славеше над Рамстор со резултат 4-2.

Се вчитува...