Матрикс и Макпетрол ќе играат во финалето од Бизнис-лигата

Максимално интересно и драматично беше на денешните полуфинални пресметки од Бизнис-лигата, во кои Макпетрол и Матрикс излегоа како победници и се пласираа во големото финале.

Матрикс со тимска игра до влез во финале

Матрикс 5-3(1-1) Рамстор

Матрикс: Драган Брњарчевски 28’ Петре Даиловски 1’ 30’ 32’ 37’ 
Рамстор: Енис Мурселов 24’ Михрем Мемед 12’ Ведат Арслан 37’

Одличен старт за екипата на Матрикс во дуелот со Рамстор, уште на самиот старт во почетната минута од натпреварот составот на Матрикс успеа да постигне погодок за водство од 1-0. Оваа негатива на Рамстор значеше силен пристисок кон голот на Матрикс со цел да дојдат до израмнување, што им успеа во 12та минута за резултат од 1-1. Во преостанатиот дел од полувремето се биеше жестока битка на секоја педа од теренот во рамките на фер-плеј играта, и покрај многуте шанси за погодок двете екипи имаа слаба реализација, па на полувремето се замина со резултат од 1-1. Добар старт во вториот дел за екипата на Рамстор со погодок на нивниот голман Мурселов во 24. минута за водство од 1-2. По ова следуваа перфектни минути за екипата на Матрикс, па со погодоците на Брњарчевски во 28. минута за израмнување на 2-2 и Даиловски со хет трик за предноср од 5-2. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор успеа да постигне погодок и да го намали водството на 5-3, но немаше доволно сили да стори нешто повеќе па победата ја однесе екипата на Матрикс за влез во финалето.

Макпетрол во драматичен финиш до триумф над Лукоил

Макпетрол 4-3(1-1) Лукоил

Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 8’ Игор Стојковски 31’ 40’ Александар Мишоски 39’ 
Лукоил: Љупчо Апостоловски 13’ Дејан Зиков 36’ 39’

Ф4 разигрувањето го отворија екипите на Макпетрол и Лукоил, и двата тима во овој натпревар влегоа со доза на претпазливост па воведните минути ни понудија подефанзивен стил на игра без многу шанси за погодок на двете страни. Како одминуваше времето двете екипи се ослободија од почетниот притисок и започнаа со напаѓачки фудбал, што донесе погодок за Макпетрол во 8. минута за водство од 1-0. По ова следуваше жесток притисок на Лукоил со цел да дојде до израмнување, што им успеа во 13та минута. Во второто полувреме двете екипи продолжија со високо темпо на игра и успте на самиот старт почнаа да се редат шанси за погодок и на двете страни. Екипата на Макпетрол во 31та минута успеа да реализира една од шансите за водство од 2-1. Во преостанатиот дел од времето Лукоил со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Макпетрол одлично ја постави играта во одбраната и успеваше да одолее на пристисокот се до 36та минута кога со погодокот на Зиков составот на Лукоил дојде до израмнување на 2-2. Последните минути од натпреварот беа вистинска драма, Макпетрол успеа да постигне погодок за 3-2 во 39та, следуваше брз одговор и веќе во следниот напад екипата на Лукоил израмни на 3-3. И кога се очекуваше натпреварот да се одлучува со пенал завршница , во последните секунди тимот на Макпетрол успеа да реализира за победа од 4-3 и влез во финале.

Се вчитува...