Мбапе доби интересен подарок, бидејќи мајка му го носи со автомобил на тренинг (видео)

Килијан Мбапе неодамна во едно интервју откри дека се уште нема возачка дозвола и дека најчесто мајка му го носи на тренинзите на ПСЖ.

Ова беше доволен повод за челниците на францускиот првак да му фатат сеир на големиот ас, давајќи му оригинален подарок за Божиќ. Кутијата беше огромна, во форма на автомобил, но во неа имаше само… количка со далечинско управување… Секако, соиграчите не ја пропуштија можноста да се пошегуваат со извонредниот голгетер, кој одлично ја прифати шегата.

Подароци добија и останатите асови на ПСЖ, Нејмар, Верати и Маркињос…

Погледнете го видеото од дарувањето на фудбалерите на ПСЖ…

 

Се вчитува...