Репрезентацијата на Франција е еден од главните фаворити за освојување на Европското првенство (ЕП), иако во групната фаза не импресионирааа со играта.
Екс-фудбалерот на Монако и ПСЖ, како и поранешен репрезентативец, Жером Ротен смета дека најголем проблем на Франција е големото его на Килијан Мбапе.
„На теренот е еден од најдобрите, не може тоа никој да го демантира, но ужасно ме нервира. Мислам дека и селекторот не може повеќе да го поднесе и тоа е проблематично. Дури не можам да верувам дека му дозволи да прави што сака и му даде голема слобода. Неговото его нема граница и тоа е проблем од почетокот на ЕП. Велиме дека Мбапе е еден од најдобрите во Европа, нели… епа споредете го со изданијата на останатите за кои велиме дека се најдобри во Европа на овој шампионат и ќе видите дека сум во право“, вели поранешниот француски репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА