Мечот Белгија – Србија се откажува?

Делегацијата на српската фудбалска репрезентација, денеска пристигна во Белгија, каде утре на стадионот „Кинг Бодуен“ во Брисел требаше да се одигра пријателски натпревар помеѓу домашната селекција и Србија. Меѓутоа веднаш по пристигнувањето на Србите, се соочија со голем проблем.

Временските услови во главниот град на Белгија се катастрофални проследени со силен дожд и силен ветер, па токму од тука беше откажан и официјалниот тренинг и прес-конференцијата на Србија.

Првично, тренингот беше преместен на друг стадион во близина на Брисел, но и таму временските услови беа лоши, па избраниците на Драган Стојковиќ – Пикси воопшто не тренираа вечерва.

Српските медиуми јавуваат дека дефинитивната судбина на натпреварот ќе биде одлучена утре во координација со делегатот и судиите, кои ќе го имаат последниот збор. После овој меч, Србија на домашен терен игра против Буигарија, во клучниот дуел за пласман на ЕП 2024 година.

Се вчитува...