Пелистер ја доби „војната“ во Гостивар – мечот продолжи во празна сала со „пет на пет“

Пелистер славеше на гостувањето против Гостивар со резултат 84-89, меч што ќе биде запаметен по големиот инцидент во последната четвртина, во која гостинскиот тренер Марјан Илиевски беше погоден со тврд предмет од публиката.

Страстите зовреа, битолчани се повлекоа во соблекувалната, по што официјалните лица донесоа одлука мечот да продолжи по празнењето на трибините во салата.

Кога конечно дуелот продолжи, двата тима имаа само по пет кошаркари на теренот, без тренери и резерви на клупите, ситуација во која подобро се снајдоа битолчани, кои славеа со 84-89 и се вратија на првото место на табелата.

Малешевиќ со 20 поени и осум асистенции беше најзаслужен за победата, Младеновиќ постигна 16, а Кесар 15 поени за Пелистер, додека најефикасен во редовите на Гостивар беше Тодоровиќ, со дабл-дабл од 18 поени и 10 скокови.

Се вчитува...