Мегаспектакл и моќна порака: Џеј Ло и Шакира потсетија на мултикултурноста на САД (ВИДЕО)

Шоуто на полувремето на Супербоул е речиси идентично важно како и натпреварот за трофејот. Годинава на паузата гледачите на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, но и милионскиот аудиториум низ светот го забавуваа латино ѕвездите, Шакира и Џенифер Лопез. Тие влегуваа во историјата како првите латино ѕвезди кои во дует настапиле на Супербоул. Во за нив познат и атрактивен стил изведоа дел од нивните песни, а на крајот имаа заеднички настап на кој симболично потсетија на значењето на латино заедницата во САД. Химната на почетокот на настанот ја изведе Деми Ловато.

 

 

Се вчитува...