Мејведер: Ова беше моја последна борба… Мекгрегор: Судијата не требаше да прекине!

По извојуваната 50-та своја победа во кариерата, овој пат над Конор Мекгрегор, Флојд Мејведер го потврди тоа што сите веќе долго го знаеја, дека ова беше за него последна борба во кариерата која ја завршува со 50 победи и ниту еден пораз.

„Мекгрегор се бореше многу подобро од што очекував. Планот беше да го пуштиме да се замори и на крајот да дојдам до победа. Тој во ММА се бори по 25 минути и не навикнал на мечеви со ваква должина, 36 минути. Вечерва ја зачувавме репутацијата на боксот. Ова беше моја последна борба. Одбрав вистински противник за мојот професионален крај. Тој е навистина страшен борец, голем шампион“ – истакна Мејведер.

Мекгрегор, пак, беше разочаран по борбата потенцирајќи дека судијата не морал да прекунува во десеттата рунда…

„Добро се држев во првите рунди. Играше трпеливо прилагодувајќи се на моите удари. Да бидам искрен, мислам дека судијата прерано го прекина мечот. Би сакал барем да паднев на под. Мејведер беше прибран во текот на целиот меч, но тоа е очекувано. Тој има 50 професионални борби зад себе и една одлична кариера“ – рече Мекгрегор и дополни:

„Навистина сакам мечот да продолжи. Мислам дека бевме израмнети. Судијата требаше да продолжи и да ме собори на под. Така ќе знаев вистински дека сум поразен!“.

Се вчитува...