Мекгрегор: Војната не е готова, ако нема борба тие се поразените

Конор Мекгрегор вели дека војната со Кабиб Нурмагомедов не е готов и дека реваншот меѓу нив ќе се случи само е прашање на време кога. Првата нивна борба ќе остане запаметена по инцидентот кој се случи по победата на рускиот борец, а поради кој двајцата добија суспензии и беа парично казнети.

„На крајот на денот јас бев тој кој последен зададе удар, да тој во главата на братот на Кабиб. Можеби борбата не ја добив, но војната беше моја. Верувајте ми кога Ви кажувам, војната не е завршена. Ако никогаш не дојде до нова борба, тие се поразените. Тие бегаат, а јас сум тука и го чекам реваншот“, изјави Мекгрегор. 

На потег е Нурмагомедов, кој уште неколку месеци е суспендиран, но годинава дефинитивно повторно ќе биде дел од УФЦ-спектакл. Останува да се види дали ривал ќе му биде Мекгрегор или некоја друга „ѕвезда“ од овој спорт.

Се вчитува...