Меси не си најде „куќа од соништата“ во Париз, но сепак ќе плаќа 20.000 евра кирија

Лионел Меси по еден месец престој во еден од најексклузивни хотели во Париз, Ројал Монсо, на крајот реши да си замине и да се пресели во сопствена куќа.

Аргентинецот беше во потрага по семеен дом во кој еден од приоритетите беше да има внатрешен базен. Сепак, потрагата по „куќата од соништата“ на крајот заврши неуспешно, па Лео и неговата сопруга на крајот беа принудени да бараат „план Б“. Изборот падна врз една куќа со 300 квадратни метри со четири спални соби и градина, за која асот на ПСЖ се согласил да плаќа месечна кирија од 20.000 евра.

Куќата се наоѓа во квартот Нули-сур-Сен, а Меси за соседи ќе ги има репрезентативните и клупските колегиг, Анхел ди Марија и Леандро Паредес.

„По еден месец потрага, Меси беше принуден да се прилагоди со своите барања на она што го нуди пазарот на недвижности во Париз“, пишува францускиот “RMC Sport”.

Се вчитува...