Меси си купи авион за 15 милиони евра (фото)

Лионел Меси ретко се решава за трошење на дел од своето богатство на луксуз, па токму затоа големо внимание привлече информацијата дека тој издвоил 15 милиони евра за да купи сопствен авион.

Асот на Барселона настојувал и овој „шопинг“ да остане тајна, но на социјалните мрежи се појавија фотографии од авионот, на чии скали се испишани имињата на неговото семејство. Ентериерот е правен по сугестија на Лео и сопругата Антонела, за што поудобно патување пред се при долгите летови од Барселона до Аргентина и назад.

Се вчитува...