Меси во неверица: Вовеле правило кое не го знаел, не му дадоа да се врати на теренот (ВИДЕО)

Интер Мајами ја продолжи победничката серија во шампионатот на Соединетите американски држави откако во 13. коло славеше на гостувањето кај Монтреал со 2-3 и тоа по целосен пресврт откако губеше со 2-0 пред самиот крај на првото полувреме.

Меси овој пат го одигра целиот натпревар, а и се најде во центарот на вниманието откако камерите го „уловија“ неговото незадоволство покрај аут линијата.

Во МЛС шампионатот со цел да се спречи симулирање на повреда и „крадење на време“, постои правило кое го спречува повредениот фудбалер да се врати на теренот во следните две минути откако ќе му биде укажана медицинска помош. Аргентинецот прв пат се соочува со ова правило, а имаше што да каже за него.

„Со вакви правила сите губат“, прокоментира Меси покрај аут линијата, видно лут и изнервиран.

Се вчитува...