„Ми зборуваше дека сум најдобар, а потоа ме стави на клупа на Светско првенство“

Анхел ди Марија и Хорхе Сампаоли одамна не се во добри односи. Сампаоли ја водеше Аргентина на Светското првенство 2018 во Русија кога и почна недоразбирањето меѓу него и ѕвездата на Пари Сен Жермен.

„Вистина е дека се почна добро, но се заврши многу лошо. Знаеше да ми говори дека сум најдобар, а потоа да ме остави на клупа во текот на Светското првенство. Тој е многу чудна личност. Немаше човек што може да не води. Штета бидејќи тоа беше последно Светско првенство за Хавиер Маскерано кое заврши на најлош можен начин“, изјави Ди Марија. 

Омразата веројатно ќе достигне ново ниво меѓу двајцата бидејќи Сампаоли минатата година седна на клупа на Олимпик Марсеј кој е еден од најголемите ривали на Пари Сен Жермен чии бои ги брани Ди Марија.

Се вчитува...