Милер по дебаклот: Срамота, ова никогаш не сум го видел од Баерн Минхен

Баерн Минхен доби „петарда“ во својата мрежа на гостувањето кај Борусија Менхегладбах во Купот на Германија (5-0). Голеадата ја започна Коне во 2. минута, а дебаклот не го спречи ниту тоа што баварците настапија речиси со комплетен состав.

По натпреварот за медиумите говореше Томас Милер, легедендата на клубот кој вели дека противникот целосно ги надиграл, а ваков Баерн Минхен никогаш нема видено.

„Не прегазија на прости фактори во првото полувреме. Никогаш порано не сум видел ништо слични откако го носам дресот на Баерн Минхен. Им се извинувам на навивачите ова е срам за нас. По натпреварот седевме во соблекувалната и се погледнавме меѓусебно. Имавме испланирано цел план за игра, но не успеа“, изјави Милер.

Баерн Минхен на овој натпревар беше предводен од страна на помошниот тренер Дино Томпмелер кој го менуваше Јулијан Нагелсман кој е позитивен на коронавирус.

Се вчитува...