Миовски: Прекрасно е чувството кога ќе се даде гол во националниот дрес

Бојан Миовски на најдобар можен начин го заокружи својот прв старт како првотимец во репрезентативниот дрес.

Миовски досега има десет настапи за Македонија, но првпат како стартер стигна до два погодоци во триумфот од 4-0 против Гибралтар. Офанзивецот не го криеше задоволството од триумфот, најавувајќи дека секој во селекцијата до крај ќе се бори за првото место во групата од Ц-лигата на Лигата на нации се додека има и најмали шанси за тоа.

„Добро го почнавме натпреварот и дадовме гол во третата минута, по што се беше лесно за нас. Постигнавме четири гола за 30 минути, а во второто полувреме се случија повеќе измени и падна нашата игра. Да се постигне гол за националниот тим е најубавото чувство кое може да го почуствува некој фудбалер. Среќен сум што дадов два гола, но повеќе сум среќен за победата. Додека има математички шанси за првото место во групата ќе веруваме, ќе се бориме до крај и ќе дадеме се од себе за победи против Бугарија и Грузија“ – истакна Миовски по денешниот дуел со Гибралтарците.

Се вчитува...