Мис Бугарија е фудбалска судијка – кај неа никој не се жали за пенали

Џулијана Бутракова полека, но сигурно станува „ѕвезда“ во Бугарија. Оваа убавица во детството играла фудбал, неколку години е фудбалска судијка во ниските лиги кај источниот сосед, а пред неколку дена беше избрана за најубава жена во Бугарија.

Имено, Џулијана победи на изборот Мис Бугарија за 2020 година, за кој вели дека се пријавила „од љубопитност“. Со оглед на фактот дека добро и оди и во фудбалот и во манекенството, останува да се види дали ќе може да продолжи со двете работи или ќе мора да се откаже од едната.

Се вчитува...