Младите сили на Беласица со реми и два порази на силниот турнир во Разград

Пионерската екипа на новиот прволигаш Беласица, под водство на тренерот Ване Милков, учествуваше  на силен меѓународен турнир за играчи родени 2004 година во Разград, Бугарија, во организација на бугарскиот шампион Лудогорец.

На „VIVACOM CUP“ македонскиот претставник Беласица во група со силните екипи на домаќинот Лудогорец, ЦСКА Софија, Партизан од Белград, молдавскиот Шериф од Тираспол како и турски Едирне оствари два порази од ЦСКА Софија (4-2) и од Едирне (1-0), додека на натпреварот со молдавскиот Шериф  одигра без голови 0-0.

Според зборовите на тренерот Милков турнирот поминал во одлична организација а натпреварите кои ги одигра Беласица со многу посилните екипи кои и претходно учествувале на многу меѓународни турнири во Европа се дополнително искуство за оваа млада екипа.

Победник на турнирот во Разград беше пионерската екипа на белградски Партизан.

Се вчитува...