Модриќ купи нова куќа во Мадрид – луксуз од кој боли глава (фотогалерија)

Лука Модриќ повторно е поврзуван со заминување од Реал, но Хрватот јасно стави до знаење дека не планира да ја напушти шпанската метропола откако потроши 12 милиони евра за нов луксузен дом.

Вилата на Хрватот се наоѓа во луксузната населба Ла Моралеја, каде живеат голем дел од фудбалерите на „кралскиот клуб“, но и други познати лица од шпанскиот јавен живот. Модриќ пред пет години во истата населба ја купи поранешната куќа на Николас Анелка за 2,3 милиони евра, но плејмејкерот на Реал сега реши да „пушти срце“, па потроши вистинско богатство на новиот имот.

Тој ќе има на располагање земјиште од 10.000 квадратни метри, а куќата има вкупна пворшина од 2.700 метри квадратни. Во овој луксузен дом има девет соби со исто толку тоалети, паркинг за десет автомобили, простории за вежбање и за масажи, базен…

Погледнете како изгледа новиот дом на хрватскиот фудбалски генијалец…

 

Се вчитува...