Реал Мадрид го заврши контролниот натпревар против Шалке со убедлива победа од 3–0, но главна тема на разговор по натпреварот беше Жозе Мурињо. Тренерот на Реал се појави со голема модринка под десното око, што не остана незабележано.
По натпреварот, Мурињо се сретна со тренерот на Шалке, Мирон Муслиќ, и двајцата позираа за фотографија. Муслиќ му подари на португалскиот тренер дрес од Шалке со натписот „Special One“ (Посебниот), неговиот добро познат прекар.
По натпреварот, португалскиот тренер објасни дека не станува збор за ништо сериозно, бидејќи тој се здобил со модринката за време на тренинг, кога топката го удрила директно во лицето.
„Топка ме удри во лицето за време на тренинг. Да не носев очила, веројатно немаше да се случи тоа. Можеше да биде и полошо“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
