МЗТ нема милост: Убедлив триумф над ТФТ во првиот меч од полуфиналето (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на МЗТ Скопје без милост против ТФТ во првиот натпревар од полуфиналето во плејофот за шампионската титула во македонскиот шампионат.

Во првиот меч, во битката за два добиени, МЗТ на домашен терен славеше убедливо со 77-52. Вистинската ралика се направи со убедливата игра во второто полувреме, откако првиот дел „металците“ го добија со само шест поени предност (37-31). Но во вториот дел моќна игра на тимот од Аеродром за повеќе од заслужен триумф со кој отворено ја најави огромната желба за финале.

Најдобар во победничкиот тим беше Милошевиќ со 13 поени и 8 скока, а 12 поени запиша Дејвис. По 10 поени постигнаа браќата Стојановски. Кај поразените се издвои Хортон со 13 постигнати поени.

Вториот полуфинален дуел се игра в недела (29. мај) на теренот на ТФТ, а евентуалната мајсторка би се играла на 31. мај повторно во „Јане Сандански“.

Се вчитува...