МЗТ Скопје против Феникс 2010 за задржување на врвот на табелата, „ревијални“ мечеви во плеј-аутот

Прволигашката кошарка денеска се враќа во етерот со еден натпревар од 8. коло во Суперлигата во која МЗТ Скопје ќе го пречека Феникс 2010, и три натпревари во плеј-аутот во кои силите ќе си ги одмерат МЗТ Скопје 2 и Академија ФМП, Кожув и Работнички и Ангели и Куманово.

Аеродромци кои по седмото коло стигнаа до врвот на табелата кој носи предност од домашен терен до крајот на борбата за титула ќе мораат да слават и во дуелот од 19 часот против новлијата за задржување на истиот, а Феникс 2010 пак ќе мора да цели кон изненадување за задржување на шансите за плеј-оф.

Во натпреварите од плеј-аутот речиси се е решено, МЗТ Скопје 2 следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига, а само чудо може да го спречи Ангели од патување во понискиот ранк па до крајот на првенството натпреварите ќе бидат „ревијални“.

Утре ќе биде комплетирно и 8. коло од Суперлигата со дуелите помеѓу Гостивар и Пелситер, односно ТФТ и Еуро Никел.

Се вчитува...