МЗТ Скопје се збогува од човекот што со децении беше дел од клубот

МЗТ Скопје утрово ја информираше јавноста за смртта на Крсто Станковски, човек кој со децении беше дел од аеродромската кошаркарска гордост, водејќи грижа за најразлични аспекти од функционирањето на сино-белите како спортски колектив.

„Со неизмерна тага во срцата, ја информираме јавноста за заминувањето на нашиот Крсто Станковски, кој ноќеска почина на 80-годишна возраст.

Повеќе од три децении беше неразделен дел од МЗТ Скопје Аеродром – култна личност чие присуство, посветеност и љубов кон клубот се вградени во секој наш успех.

Зад себе остави неизбришлива трага и спомени што ќе живеат засекогаш меѓу сите што го познаваа.

Почивај во мир, Крсто. Вечна ти слава. 💙“, објави МЗТ Скопје.

Се вчитува...