На две кола пред крајот на Суперлигата три тима остануваат во битка за две плеј-оф места (ФОТО)

На две кола пред крајот на Суперлигата остануваат непополнети две места кои водат во разигрувањето за титула. Таму се веќе МЗТ Скопје и Пелистер на кои им преостанува битката за првата позиција на табелата и предност од домашен терен во финалето од плеј-офот, додека три тима сеуште се во игра за две позиции.

На истите во моментот се наоѓаат Еуро Никел и Гостивар со идентичен скор од 17 победи и 13 порази, а само еден натпревар заостанува ТФТ. Феникс 2010 е надвор од битката за првите четири позиции, но новајлијата може да создаде сериозни потешкотии за горенаведните тимови со оглед на тоа што до крајот остануваат средби против два тима кои претендираат за местата број три и четири.

Таков е и денешниот дуел против ТФТ во кој гостите мораат да слават победа. Притоа „црно-белите“ и да се надеваат на пораз на Гостивар во натпреварот против МЗТ Скопје па во последното коло, директниот дуел со гостиварци да донесе „фото-финиш“ за освојувачот на Купот на Македонија.

Еуро Никел се врати на победите со триумфот против ТФТ во претходното коло, а избраниците на Самарџиев осигураа и предност од 3-1 во меѓусебните дуели со „црно-белите“ па во случај овие два тима да бидат изедначени на крајот на сезоната во предност ќе биде вицешампионот. Кавадарчани имаат и кош-предност од меѓусебните натпревари против Гостивар (345-333) па се наоѓаат во најдобра позиција во однос на триото, а и со една победа во натпреварите против Пелситер и Феникс 2010 ќе ја потврдат нова битка за титула.

Гостивар се наоѓа во подобра позиција од ТФТ и сам може да го осигура своето место во плеј-офот со триумф над МЗТ Скопје во утрешната средба, а доколку „сино-белите“ бидат поразени во „Младост“, а ТФТ загуби од Феникс со пораз и на „Кале“ ќе се најдат во следната фаза, но само доколку истиот е помал од 12 поени (267-255 во меѓусебните пресметки). Доколку ТФТ ја добие средбата со Феникс тогаш Гостивар мора да победи на гостувањето во Скопје.

Деветото коло од Суперлигата започнува денеска со натпреварот помеѓу Феникс 2010 и ТФТ од 20 часот, а продолжува утре со мечот помеѓу Гостивар и МЗТ Скопје од 18:00. Истото ќе биде комплетирано во Кавадарци со средбата помеѓу Еуро Никел и Пелистер в четврток од 18:30.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...