На Италија и требаа продолженија за да ја скрши храбрата Австрија (ВИДЕО)

Италија потешко од очекуваното по продолженија славеше над Австрија со 2-1 во осминафиналето од Европското првенство. Италијанците беа подобар противник во првиот дел, но не успеаја да ја материјализираат подобрата игра. Најблиску до гол беше Чиро Имобиле кој ја погоди пречката.

Во вториот дел Австријците заиграа далеку подобро. Марко Арнаутовиќ во 65. минута успеа да го матира Џанлуиџи Донарума, но по консултација со ВАР главниот судија Ентони Тејлор поради офсајд го поништи голот.

Киеза во 84. минута влезе на местото на Доменико Берарди, а само десет минути подоцна успеа да донесе водство од 1-0 за Италија. На 2-0 зголеми Песина во 105 минута. До крајот Австријците успеаја само да го ублажат поразот со голот на Саша Калајџиќ во 114. минута.

Италија во четвртфиналето ќе игра со подобриот од утрешниот меч меѓу Португалија и Белгија.

 

Поништениот гол на Марко Арнаутовиќ погледнете го на следниот линк. 

 

 

 

 

Се вчитува...