На Погба му се погоди Мајами: Фарел Вилијамс и Џими Батлер му се друштво за излегување

Пол Погба ја привршува рехабилитацијата во Мајами и ѕвездата на Манчестер Јунајтед се труди да искористи најмногу од престојот во забавниот град. Тој на покана на Џими Батлер беше на натпреварот меѓу Мајами и Њу Ореланс, а потоа беше во ноќен клуб со НБА ѕведата и со Фарел Вилијамс. Триото беше забележано во познат ноќен клуб во Мајами, а нешто подоцна, Погба се пофали и на Инстаграм.

Последните информации се дека Погба ќе се врати во тимот на Манчестер Јунајтед за дербито со Манчестер Сити на 7. декември. Тој сезонава беше стартер само на пет премиерлигашки натпревари. Очекувањата се дека тој ќе се врати на тренизни во текот на оваа недела.

 

Се вчитува...