Надал се жени: Доаѓаат Роналдо, Касилјас, Гасол… ги нема Ѓоковиќ и Федерер

Се е подготвено за спектакуларната свадба во Мајорка, Рафаел Надал ќе ја круниса со брак долгогодишната врска со Марија Франциска Перелјо, а на листата од 500 гости има бројни спортски „фаци“.

Тука се фудбалерите Кристијано Роналдо и Икер Касилјас, кошаркарската мегаѕвезда Пау Гасол, како и бројни тенисери: Моја, Ферер, Вердаско, Лопез… Интересно, на листата на гости ги нема двајцата главни ривали на Надал Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Не знам ништо за таа венчавка. Јас во секој случај веќе си го испланирав викендот пред турнирот во Базел“ – прокоментира Федерер.

Вообичаено за ваков вид на свадби, сите вработени ќе потпишат договор за доверливост, а гостите на самиот влез ќе ги остават мобилните телефони. Воедно, Надал забранил на своите гости да допатуваат во Мајорка со приватни авиони.

Се вчитува...