Нагелсман нема дилема: За мене Левандовски е најдобриот напаѓач во светот

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман е импресиониран од одличниот напаѓач Роберт Левандовски, кој синоќа постигна хет-трик на мечот со Бенфика во ЛШ. По оваа победа „баварците“ имаат 12 поени и се убедливо први на табелата, пред Барселона која има 6 бода.

Полјакот  со тоа стигна до бројката од 80 гола во ЛШ.

„Не треба да го сведуваме мечот само на неговите голови, но вистината е дека тој ја демонстрираше својата сила и квалитет на теренот. Тој секогаш сака да постигнува голови и немам дилеми дека е најдобриот напаѓач на светот и ќе биде уште долго време“, изјави Нагелсман.

Се вчитува...