Боксерот Флојд Мејведер се пофали дека Ајзеа Томас со Бостон селтикс му донел „еден куп“ пари. Најбогатиот спортист на светот напиша дека се обложил на легендарниот кошаркар дека ќе постигне поени над дадената граница.
Овој пат Мејведер не го покажа ливчето како на претходните добивки кога ставаше милиони на мечевите во НФЛ лигата, но, сега објави фотографија со куп пари во рацете „заработени“ на Ајзеа Томас.
Бекот на Бостон го одигра натпреварот на кариерата постигнувајќи дури 53 поени во победата на Бостон против Вашингтон со 129-119, иако на мечот стигна директно од забарската столица каде помина четири часа за да му го наместат забот што го загуби на претходниот меч. Играше со болки, но тоа не беше пречка да постигне 53 поени што е второ најдобро постигнување во плеј-оф историјата на Бостон селтикс и најмногу поени постигнати во плеј-офот во НБА во последните 14 години.
Од неверојатниот подвиг на Ајзеа Томас, како што се пофали добро профитирал и Флојд Мејведер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА