Најдобрата тетоважа од ЕП 2020: Сака, Кјелини и пехарот

ЕВРО 2020 заврши со различни спомени за навивачите ширум Европа, во зависност за која репрезентација навиваа во изминатите триесетина дена.

Видовме дека и македонскиот голман Столе Димитриевски се реши со тетоважа да го овековечи својот прв настап на едно големо репрезентативно натпреварување, но најоригинална тетоважа на тема ЕВРО 2020 дефинитивно има овој италијански навивач, кој го има овековечено легендарниот момент од големото финале.

Не станува збор за пенал-рулетот, туку за стартот на Кјелини над Сака во последните моменти од регуларните 90 минути, кога искусниот дефанзивец го запре брзоногиот англиски напаѓач да тргне кон голот на Донарума.

Одлично илустриран момент, на кој е додаден и пехарот на ЕВРО 2020 што остана недостижен за Сака, кој беше и трагичар со промашениот последен пенал за „гордиот албион“.

Се вчитува...