Герет Саутгејт гордо ја предводеше Англија до ова прво европско финале, но младиот стратег целосно ја утна работата во самата завршница од битката за трофејот.
Тој во 120. минута ги уфрли во игра Рашфорд и Санчо, млади и талентирани играчи, но без преголемо искуство за вакви мечеви што се играат под енормен притисок. Причината беше јасна – двајцата да бидат дел од пенал-рулетот, но најпрвин асот на Манчестер Јунајтед биеше во дирекот, за потоа довчерашниот фудбалер на Борусија Дортмунд да шутира во Донарума.
Згора на тоа, Саутгејт го избра најмладиот играч во составот во тој моменто, Букајо Сака, за изведувач на последниот пенал, ниту фудбалерот на Арсенал не го издржа огромниот притисок, промаши кога беше најважно, па Англија остана без трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА