Најплатените селектори на ЕВРО 2024: Саутгејт на врвот, Далиќ и Пикси пред селекторот на Шпанија

Се е подготвено за почетокот на ЕВРО 2024, а магазинот “Finance Football” на неколку дена пред стартот на големиот фудбалски собир ја објави ранг листата на најплатени селектори на овој европски шампионат.

На врвот се наоѓа предводникот на Англија, Герет Саутгејт, со годишна нето-заработувачка од 5,8 милиони евра, за еден милион повеќе од второпласираниот Јулијан Нагелсман, предводник на селекцијата на Германија. Роберто Мартинез заработува четири милиони евра како предводник на Португалија, а Дидие Дешамп се наоѓа на скромното четврто место со 3,8 милиони евра годишна плата, пред Роналд Куман од Холандија и Лучијано Спалети од Италија, кои заработуваат по три милиони евра годишно.

Интересно е што шпанскиот селектор Де ла Фуенте се наоѓа на прескромното 13. место на ова рангирање и со 1,25 милиони евра годишно заработува помалку и од Хрватот Златко Далиќ и од Србинот Драган Стојковиќ – Пикси.

Бразилецот Силвињо има годишна плата од 700.000 евра како селектор на Албанија, а на дното на ова рангирање се наоѓа Вили Сањол, кој како предводник на Груција заработува 200.000 евра годишно, според информациите на “Finance Football”.

Се вчитува...