Навивачите на Баерн бараат од клубот да го раскине богатиот договор со Катар Ервејз

Навивачите на најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен, заедно со членовите на клубот побараа од раковоството на баварската гордост да го раскине (пре)богатиот договор со авиокомпанијата Катар Ервејз, една од најголемите на светот, поради кршењето на човековите права во земјата домаќин на Светското првенство догодина.

Катар одамна е на мета на сите организации за човекови права, па голем дел од земјите од Западна Европа постојано на мета ја имаат оваа арапска земја, која претходно со мито и корупција успеа да ја купи организацијата на Мундијалот, што ќе го организира од 21 ноември до 18 декември идната година.

„Соработувајќи со државна компанија на Катар, каква што е Катар Ервејз, Баерн активно помага во идиличната слика која се создава за земјата, како модерна и космополитска држава, која воопшто не е, зашто таму човековите права се на најниско можно ниво“, велат навивачите.

Годишното Собрание на Баерн ќе се одржи на 25 ноември на кое точка на дневен ред ќе биде ова прекунување на спонзорскиот договор со „Катар Ервејз“, од каде годишно десетици милиони евра влегуваат во клупската каса.

Од Баерн веќе неколкупати посочуваа и ја бранеа соработката со авиокомпанијата, посочувајќи дека проблемот може да се реши само низ дијалог. Во Катар загинаа 6.500 работници во проектот за изградба на стадионите за потребите за СП.

Се вчитува...