Не издржа под притисокот во карантин: Фудбалер во изолација ја изневерил сопругата со сестра и

„Пукнал“ под притисокот на карантинот… Ѕвезда од Премиер-лигата, како што пренесуваат англиските медиуми, за време на самоизолација ја изневерил сопругата, и тоа со родената сестра.

Психологот Стив Поуп информираше дека фудбалска ѕвезда од Премиер-лигата, која изминативе денови била во изолација, ја изневерил сопругата.

„На фудбалерите им недостасува фудбалот со кој го исполнуваа денот. Сега се присилени на нешто сосема неочекувано, и одат на деструктивни нешта. Имав случај изминативе денови, кога еден фудбалер ми се јави за совет. ‘Го уништив бракот, спиев со сестрата на сопругата. Бев под притисок и не издржав во карантинот’, ми рече. Не сакам да го спомнувам името на тој познат фудбалер. Мора да кажам дека многу фудбалери се ментални мрзливци. Штом се соочат со стрес и анксиозност веднаш паѓаат и во депресија“ – истакна психологот Поуп.

Овој психолот во минатото им помогна на многу фудбалери да престанат да се коцкаат, да се откажат од алкохол, па и тоа како е баран меѓу ѕвездите од Премиер-лигата.

Се вчитува...