Не можеше да ги задржи солзите: Се избори со ракот, па на својата нација му го донесе драгоцениот трофеј

Себастијан Халер, или како што некои го нарекуваат Але, е апсолутен херој на Брегот на Слоновата коска носејќи трофеј на својата репрезентација. Пред само една година, Халер се враќаше на теренот по борбата со ракот на тестисите, кој му беше дијагностициран во 2022 година. Се бореше со него, а потоа во вториот дел од минатата сезона се врати на терените.

Халер беше најзслужен што Борусија Дортмунд беше на чекор на титулата. Иако беше трагичар во последниот натпревар и промаши пенал, осум месеци подоцна е апсолутен херој за својата репрезентација.

Халер во полуфиналето погоди за пласман во големото финале, а таму донесе победа и трофеј на својата репрезентација. За потсетување дека Халер играше за младите категории на Франција, но потоа се реши да игра за „слоновите“, и тоа даде плод.

Во текот на интервјуто по мечот, Халер се расплаче, не можеше да ги сопре солзите. После една година откако се избори со тешката болест, напаѓачот стана огромен херој на Брегот на Слоновата коска.

Се вчитува...