Недовиќ: Не жалам што не бев дел од сребрената Србија на Мундобаскетот

Кошаркарот на Црвена Звезда, Немања Недовиќ беше дел од списокот на селекторот Светислав Пешиќ за настап на Светското првенство кое оваа година се одржа во Јапонија, Филипини и Индонезија каде Србија го освои сребрениот медал, но се одлучи да се повлече од тимот во месец август.

Говорејќи за српските медиуми бекот открива дека воопшто не жали за одлуката да замине од подготовките на репрезентацијата и горд е на соиграчите за големиот успех.

„Воопшто не жалам за мојата одлука. Не мислам многу на тоа, многу убави работи ми се случија во животот и се фокусирам на нив. Воопшто не се каам. Тоа време го поминав на најдобар можен начин. Горд сум што момците го направија тој резултат и знам колку им беше тешко и ментално и физички. На крајот им се исплатеше со сребрениот медал“, изјави Недовиќ.

Се вчитува...