Нејмар играше на престижен турнир во покер

Најскапиот фудбалер во светот, Нејмар покажа дека е подеднакво успешен и на масата за покер. Тој играше на престижен покер турнир во Бразил и заврши на шестото место.

Фудбалерот на ПСЖ се вклучи во Бразилската покер серија (БСОП) која е најголема покер тура во Бразил.

Нејмар го почна натпреварувањето во покер со уште петмина свои пријатели, но само тој остана до самиот крај.

Се вчитува...