Нејмар не може да си го отвори Ферарито (ВИДЕО)

Покрај проблемите на терените кои ги има поради честите повреди, Нејмар има проблеми и надвор од нив. Синоќа тој бил поканет на вечера во новиот дом на голманот на Ајнтрахт Франкфурт, Кевин Трап, и „ангелот“ на „Викторија сикрет“, Изабел Гулар, а потоа имаше проблем да влезе во „Ферарито“ вредно четири милиони долари.

Сите се пошегува на негова сметка, а снимката ја направи сопругата на Тијаго Силва, Бел Силва која на инстаграм напиша „Дали сте размислувале да имате Ферари, а да не можете да го отворите? На Нејмар му се случи тоа. Сепак, на крајот се добро помина“. 

Се вчитува...