Нејмар предизвика внимание: Со Меси сакам да играм заедно веќе од следната сезона, но не во дресот на Барса

Бразилецот Нејмар јавно искажа желба повторно да заигра заедно со Лионел Меси. Неговите зборови предизвикаа повторно внимание и ново активирање на приказната за евентуално враќање во Барселона. Но, Нејмар не мисли на дресот на Барселона.

„Тоа што јас најмногу го сакам е повторно да заиграм со Меси, повторно да уживам заедно со него на теренот и тоа веќе од следната сезона. Зошто да не? Но не мора тоа да биде само Барселона“ – истакна Нејмар.

Многумина сето тоа го разбраа и како навестување за доаѓање на Меси во ПСЖ. И Леандро Паредес, соиграчот на Меси од репрезентацијата, сака да го види во Париз.

„Го чекаме со широко отворени раце“ – порача Паредес.

Се вчитува...