Нејмар се соочи со нови сериозни проблеми за време на престојот во Бразил откако полицијата во Рио де Жанеиро објави уште една истрага против него – овојпат за неовластено објавување на интимни фотографии на друго лице. Фудбалската мегаѕвезда вчера преку видео својот инстаграм-профил ги демантираше обвинувањата дека силувал девојка за време на една забава во Париз, притоа објавувајќи нејзини фотографии заедно со разговорите што ги воделе после наводното силување.
Сепак, самото објавување на фотографиите е одделно кривично дело, за што полицијата од Рио де Жанеиро добила и налог за запленување на мобилниот телефон на Нејмар.
„Сакаме да имаме пристап до сите работи во телефонот на Нејмар поврзани со случајот, не само она што тој го објави“ – потврдија од полицијата.
Максималната казна во Бразил за ваков вид на случаи е пет години затвор, а доказите се повеќе од јасни – со оглед на објавата на Нејмар во која тој лично се појавува и ги објаснува фотографиите.
Ќе придонесе ли популарноста да се избегне тешка казна, или повторно законот нема да важи подеднакво за сите – ќе видиме по разврската на овој случај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА