Франческо Ачерби повторно одигра сигурно во одбраната на Италија, успешно заменувајќи го ветеранот Џорџо Кјелини, кој се уште е повреден.
Се очекува дефанзивецот на Лацио да биде првотимец и во четвртфиналето, каде „аѕурите“ ги очекува победникот од вечерашниот натпревар меѓу Белгија и Португалија. Според Ачерби, за Италија би било подобро доколку се сретне со актуелниот европски првак Португалија, бидејќи негово мислење е дека „аѕурите“ многу полено би го неутрализирале Кристијано Роналдо отколку Ромелу Лукаку.
„Знам дека не игравме убаво за око, но бевме ефективни бидејќи го сторивме она што сакавме – се пласиравме во следната рунда. Веќе нема слаби противници, сите натпревари ќе бидат исклучително тешки. Моја желба е да се сретнеме со Португалија, бидејќи верувам дека би имале за нијанса полесна работа отколку доколку играме со Белгија. Навистина, Португалците го имаат Кристијано Роналдо кој е роден „бомбардер“, но верувам дека полесно би го запреле Кристијано отколку Ромелу Лукаку, кој е физички моќен и може да ни создаде многу поголеми проблеми“, изјави Ачерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА