НЕМА КОШАРКА: Нови случаи на Covid-19, првенството пак се одложува

Новата кошаркарска сезона нема да почне ниту овој викенд откако се појавиле позитивни случаи од Covid-19 во сите клубови кои биле тестирани во текот на вчерашниот ден. Тестирањето било извршено во организација на федерацијата, пред самиот старт на сезоната, но резултатите кои пристигнале биле шокантни – во сите прволигаши кои биле тестирани има кошаркари позитивни на коронавирусот.

Шампионот МЗТ Скопје има двајца позитивни играчи, еден домашен и еден странски кошаркар, а позитивни случаи има и во вториот тим на „металците“, како и во редовите на Гостивар, но и во новиот прволигаш ТФТ.

„Се надевавме на почеток викендов, но новонастанатата ситуација го прави тоа невозможно. Сите клубови кои беа тестирани вчера имаат најмалку по еден позитивен кошаркар. Останатите клубови ќе бидат тестирани во текот на денешниот ден“, потврдија за ЕКИПА од „куќата на кошарката“.

Академија ФМП има дури седум членови позитивни нa Covid-19, додека целиот тим на Вардар е во самоизолација и до крајот на оваа седмица ќе биде тестиран.

Повеќе од јасно е дека услови за кошарка во наредните петнаесетина дена ќе нема, а дополнително ќе биде утврдено кога и како ќе стартува новата сезона.

Се вчитува...