Нема зима за Фернандез и Љуљ – ќе ја предводат Шпанија на Светското првенство

Легендарниот шпански тандем Руди Фернандез и Серхио Љуљ може да биде дел од репрезентацијата на Шпанија на престојното Светско првенство, потврди претседателот на Кошаркарската федерација на Шпанија, Хорхе Гарбахоса.

Откако го предводеа Реал Мадрид до третата заедничка титула во Евролигата, 38. и 35. годишниците се подготвени да дадат се од себе за Шпанија да се врати на врвот на светот.

„Разговарав со Алберто, со Руди, Чачо и Љуљ. Многу сум среќен за нив. Во овој тим видов многу сличности со нашето освојување на Евробаскетот. Само две недели порано се чинеше дека испаднаа од Евролигата по двата пораза од Партизан. Најневеројатно е тоа што кога зборев со нив Љуљ и Руди ми кажаа: Се гледаме на лето, открива Гарбахоса.

На Светското првенство кое ќе се одржи од 25. август до 10. септември во Филипини, Јапонија и Индонезија Шпанија во групната фаза ќе се сретне со Иран, Брегот на Слоновата коска и Бразил.

Се вчитува...