Нема „зима“ за Хрватска: Забава и со избор на „Мис спорт 2020“ (ФОТО)

По предвремениот крај на сезоната за поголемиот број спортови поради пандемијата на коронавирусот, во Хрватска во моментов си се одржува „Мис спорт на Хрватска 2020“. Веќе во тек се кастинзите за изборот во кој основен критериум е натпреварувачките да бидат членови на некој спортски клуб.

Оваа година пријавени спортистки и од атлетика, фудбал, гимнастика, карате, кошарка… Меѓу кандидатите се и две олимпијки на Хрватска кои оваа година требаше да бидат на ЛОИ во Токио, пливачката Амина Тајтаз и маратонката Матеа Парлов Коштро.

Вкупно 16 одбрани финалистки ќе бидат дел од финалната вечер закажана за 9. јули во Загреб.

Се вчитува...