Немили сцени во Конго: Претепан судија кој заврши на интензивна нега

Непријатни сцени беа забележани на Купот на Конго, каде ФК Тангањика победи против Ренесанса Киншаса по подобро изведување пенали.

Резултатот остана во втор план, бидејќи судијата беше нападнат од навивачи и тешко повреден. Навивачите на Ренесанса упаднаа на теренот и веднаш го нападнаа судијата, бидејќи не беа задоволни што тој не досуди пенал во регуларното време.

Судијата се обиде да побегне, но не можеше да се оттргне од навивачите иако одеше кон тунелот и ги бараше полицајците.

Бил удрен во задниот дел од главата, по што се онесвестил, а како што пренесуваат африканските медиуми, судијата се бори за живот на интензивна нега.

Се вчитува...